Првиот хрватски интегрален хотел се шири и во Белград

25

zigzag bg

Првиот интегрален хотел ZigZag кој се наоѓа во Загреб, ги отвори вратите и во Белград. Рецепцијата на ZigZag Белград е во центарот на градот, со шест соби и дополнителни содржини како паркинг, теретана, кафе бар, сауна, а на неколку минути оддалеченост се наоѓаат уште три апартмани, пишува хрватски Лидер.

ZigZag во Загреб почна да работи во 2009 година со еден апартман, а сега може да прими до 70 гости. Годинава беше оценет како најдобар загрепски хотел од Trip Advisor, а од средината на 2014 година стана првиот интегрален хотел во Хрватска.

Интегрален хотел е нова категорија на хотелско сместување, што заедно со категоријата дифузен хотел ги воведе хрватското министерство за туризам, за да се унапреди системот на приватно сместување. Категоризација за интегрален хотел можат да добијат капацитети во градски средини. Интегралниот хотел може да се состои од три и повеќе објекти во една населба, претходно категоризирани, а мораат да имаат заеднички приемен хол со рецепција, заедничка просторија за престој и други угостителско туристички содржини. Сместувачките единици можат да бидат соби, апартмани, студио апартмани и куќи за одмор.