Првиот милион го заработи спиејќи во канцеларија, бидејќи немал пари за кирија

123

Американскиот претприемач, Илон Маск, кој денес е еден од најбогатите на планетата, во почетокот на кариерата не можел да си дозволи да изнајми стан, па спиел во мала канцеларија во Пало Алто, Калифорнија.

Далечната 1995 година, кога Маск имал околу 25 години, заедно со неговиот брат Кимбал и пријателот Грег Кури ја основале Zip2, компанија што на медиумските куќи им продавала онлајн планови на градот со водичи и огласници.

За да ја основа компанијата, Макс вложил 28.000 долари, дел од нив ги позајмил од неговиот татко, а остатокот од пријатели кои верувале дека идејата ќе му донесе профит.

На средина на 90-тите години на минатиот век, интернетот почнал да доживува експанзија, а весниците се обидувале да најдат начин најдобро да го искористат. Zip2 за кратко време ја добил довербата од најголемите медиумски куќи, вклучувајќи го New York Times.

До 1998-ма година, Zip2 веќе имал 160 партнери меѓу новинските куќи. Веќе следната година, Zip2 ја купи Commpac, за да може да го искористи нејзиниот систем за подобрување на својот прелистувач AltaVista за 305 милиони долари.

Маск доби 22 милиони долари, колку што е проценето дека вредат неговите 7% од акциите, со што станува милионер. Останатото е веќе повеќе од познато.

Фото: Freepik