Првиот респиратор произведен во БиХ се тестира во Велика Британија

118

Првиот респиратор произведен во Босна и Херцеговина (БиХ), којшто е резултат на неколкумесечна работа на група инженери, се наоѓа на тестирање во странство, пренесува Faktor.ba.

“Уредот се наоѓа во Велика Британија. Во тек се тестирања, а резултатите ќе ги знаеме во наредниот период. Тоа е сè што можам да кажам во овој момент“, вели Дамир Ханиќ, директор на компанијата што стои зад овој респиратор.

Во изработка на респираторот, чиј прототип е направен на почетокот на пандемијата во април, учествувале лекари специјалисти од Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Фото: Freepik