Прво 3D испечатено училиште во Мадагаскар

24

Американската непрофитна организација Thinking Huts планира да испечати цела училишна зграда во град во Мадагаскар.

Како последица од пандемијата, се проценува дека над 1,5 милијарди ученици се надвор од училишните клупи. Поради тоа, Thinking Huts ќе се обиде со технологија на 3D печатење за изгради училиште таму каде што е најпотребно, пишува Designboom.

Мадагаскар е избран како локација поради потенцијалот за економски раст, политичка стабилност и можност за искористување на сончевата енергија. Исто така, во оваа земја дури 60% од децата не посетуваат настава поради немање соодветни услови и недоволно инвестиции во образованието.

Хибридниот дизајн на училиштето ќе претставува и вертикална градина и платформа за соларни панели, додека во внатрешноста ќе бидат сместени сите потребни предмети, како што се масички, столчиња, табли за пишување и слично.

Фото: Pexels