Прилепска пиварница првото полугодие го заврши со добивка од 105.889.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 104.121.000 денари.
Во периодот јануари – јуни оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа 779.681.000 денари. На домашен пазар е направена реализација од 764.969.000 денари, додека од извоз се прокнижени 14.712.000 денари.
Основна дејност на компанијата е производство и дистрибуција на пиво и безалкохолни пијалаци.