Првпат по 30 години, Хималаите се видливи од неколку делови од Индија

271

Жителите на Пенџаб во северна Индија се фасцинирани од погледот на Хималаите,  кои се сега видливи од оддалеченост од повеќе од 200 километри. Ова се случи откако се намали загадувањето поради карантинот воведен во земјата заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Жителите на градот Џаландхара, во сојузната индиска држава Пенџаб, велат дека оваа слика не ја виделе 30 години, а природата се “лечи“ поради воведениот карантин, затворени фабрики и прекин на сообраќајот.

Фотографиите од планинскиот венец се шират низ социјалните мрежи бидејќи локалното население и активисти за животна средина ја раскажуваат добрата вест додека се шират мрачните вести за Ковид-19.

“За прв пат во текот на над 30 години, јас јасно можам да видам снежни планински врвови. Ова се должи на драстично намалување на загадувањето на воздухот“, изјави новинарот Пол Синг Наули.

Тој вели дека жителите биле пречекани со неверојатен поглед пред неколку дена.

“Моите деца ме поканија да се качам на покривот. Беше прекрасна глетка. Никогаш порано не виделе вакво нешто“, вели Наули.

Индија во моментот е под 21-дневен карантин за да се забави или запре ширењето на коронавирусот. Со помалку луѓе на улиците и помалку отворени продавници, нивото на загадување во делови од земјата се намали, а има и помалку смог.

Фото: Twitter