Puffy Blanket – вреќи за спиење направени од рециклирана пластика

360

Компанија од Орегон, САД, креираше вреќи за спиење од 100% рециклирана пластика. Секоја од нив содржи најмалку 60 рециклирани пластични шишиња од коишто преку преработка се добива конец од полиестер.

Според извршниот директор на Rumpl Вајли Робинсон компанијата планира да рециклира и поинакви материјали со цел да се добие високо квалитетен производ што обезбедува комфорт како дома без разлика каде се наоѓа корисникот.

Rumpl користи специјална технологија на 100% изолација кај своите вреќи. NanoLoft ја “заробува“ топлината во воздушни мини џебови без разлика какви се условите надвор. Резултатот е леснотија, удобност и топлина. Освен тоа вреќата е не пропушта ни вода ни нечистотија.

Puffy Blanket е одлично решение за оние кои кампуваат, планинарат и едноставно сакаат да поминат време во природа. Вреќите ги има во различни бои со големина за еден или за двајца.

Компанијата првиот производ го претстави преку кампања за групно финансирање уште во 2014 година и оттогаш па натаму се посветени на проширување и подобрување на своето портфолио.

Фото: Rumpl