Пуштање во употреба на новата фабрика Актива во Штип

21

Во штипската индустриска зона Запад денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси Актива. Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија Ван Хол, која има фабрика во ТИРЗ Бунарџик во Скопје, пишува Миа.

Според најавите од менаџерот на Актива, Илија Николовски, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и 50 вработувања.

Халата за автобуски шасии во новата фабрика Актива е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.