Пуштени во оптек кованите пари Близнаци и Рак

19

AE39383AED04AA47934ECF97A7A194DB

Кованите пари за колекционерски цели Близнаци и Рак, од серијата Хороскопски знаци, се издадени и пуштени во оптек, се наведува во соопштението на Народна банка на Македонија

На аверсот на кованата пара Близнаци е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: Република Македонија и 10 денари на македонски јазик, како и годината на издавање 2015 и ознаката Аg925.

На реверсот, на левата страна е претставена слика на близнаци кои во рацете држат дел од Млечниот Пат. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Близнаци. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Близнаци и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со графички украс, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ја косата на близнаците, симболот и ѕвездите на Млечниот Пат) се насликани со злато.

1AF397DA4FDDFB45ACD381BFE56BB813

На аверсот на кованата пара Рак е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем коишто, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите: Република Македонија и 10 денари на македонски јазик, како и годината на издавање  2015“ и ознаката Аg925.

На реверсот, на левата страна е претставена слика на рак. На десната страна на реверсот е вметнато тркалезно кобалтно стакленце на кое е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Рак. На долниот дел е претставен симболот на хороскопскиот знак Рак отпечатен на школка и името на овој знак на латински јазик. Целата композиција е опкружена со украс кој се состои од школки и алги, по должината на периметарот. Одредени елементи на релјефот (дел од телото на ракот, симболот на Ракот, некои школки и алги) се насликани со злато.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 г, чистота на среброто 19,43 г, во овална форма со димензии од 35 х 45 мм, полирани со 24-каратна златна меѓуоснова и вметнато тркалезно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованата пара Близнаци и на кованата пара Рак изнесува 2.700 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.