Путин: Довербата во доларот е изгубена

46

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека „Германија и западните санкции се виновни за тоа што гасоводот „Северен тек 1“ не е во функција и дека Украина и Полска сами одлучија да ги прекинат другите гасни рути до Европа“.

Путин, на економскиот форум во Владивосток, рече дека „Газпром“ би можел да продолжи со испораките на гас преку „Северен тек 1“ доколку турбината – важна за нејзината работа – се врати во Русија.

Исто така, рускиот претседател вели дека „Русија нема да има проблем да ги продаде своите огромни енергетски ресурси ширум светот, и покрај санкциите на Западот, кои се дизајнирани да ги прекинат виталните енергетски приходи на Кремљ“, пренесе Ројтерс.

Во обраќањето на економскиот форум во Владивосток, Путин ја оцени европската идеја за ограничување на цената на рускиот гас како „глупава“ и рече дека тоа ќе доведе до зголемување на цените, а глобалната побарувачка за руски енергетски производи е голема.

Тој најави и дека Русија ги договорила сите најважни параметри за продажба на гас на Кина, преку Монголија.

Путин се осврна и на американскиот долар и еврото и другите традиционални резервни валути, велејќи дека тие „го изгубиле кредибилитетот како основа за меѓународни порамнувања“.

– Западните земји ги поткопаа темелите на глобалниот економски систем. Изгубена е довербата во доларот, еврото и фунтата како валути во кои се вршат трансакции, се чуваат средства и се чуваат резерви – рече Русинот. Тој исто така истакна дека забележува дека оваа тенденција ја турка Русија и многу други нации да се префрлат на други валути, пред се на кинескиот јуан.

– Чекор по чекор се оддалечуваме од употребата на овие несигурни, загрозени валути. И патем, дури и американските сојузници постепено ги намалуваат заштедите и плаќањата во долари, според статистиката… Забележувам дека вчера „Газпром“ и неговите кинески партнери се договорија да го платат гасот во рубљи и јуани во однос 50:50.