Путин: „Русија ќе биде одговорен снабдувач, но не на своја штета“

31

Антируските санкции не ја одразуваат реалноста на глобалната политика и економија.

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на металната индустрија.

„Веќе реков дека овие одлуки ги донесоа западните земји заради политички интереси – актуелни, опортунистички кои не ја одразуваат реалноста на глобалната политика или глобалната економија“, рече Путин, пренесува Тас.

Тој додаде дека, без оглед на актуелните политички тешкотии, Русија секогаш ќе биде сигурен и одговорен снабдувач на метални производи за странските клиенти и партнери.

„Ќе бидеме сигурни партнери на оние кои бараат профитабилна, предвидлива деловна соработка. Сепак, нема да работиме насвоја штета со оние кои отворено покажуваат непријателски став“, нагласи претседателот на Руската Федерација.

Путин рече дека „и индустриските компании и владата, како и лидерите на руските региони треба да се фокусираат на обезбедување на домашната побарувачка за метални производи“.