Путин: Украинското жито заврши во ЕУ, не кај сиромашните

59

Речиси целото жито извезено од Украина завршило во земјите на ЕУ, а не во земјите во развој или сиромашните земји, рече рускиот претседател Владимир Путин на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток.

Западните држави лажеа кога тврдеа дека на Украина и е потребен поморски пристап за да ги ублажи зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји, рече Путин, пренесува Раша тудеј.

Тој истакна дека Русија заедно со Турција направи се за да извезе украинско жито, пренесува Спутник.

„Резултатот: ако ја исклучиме Турција како земја посредник, тогаш целото, речиси целото жито извезено од Украина не се испраќа во земјите во развој и најсиромашните, туку во земјите на ЕУ за да им се помогне на оние земји на кои им е најпотребно, само два бродови беа натоварени. Нагласувам, два од 87. Тие извезоа 60.000 тони храна од два милиони тони. Само три отсто беа испратени во земјите во развој“, рече Путин.

„Можеби извозот на пченица од Украина треба да биде ограничен. За ова ќе се консултирам со Реџеп Таип Ердоган“, додаде тој.

Како што истакна, најсиромашните земји го губат пристапот до основните прехранбени производи бидејќи развиените земји ги купуваат, нивното купување во големи количини предизвикува зголемување на цените, рече рускиот претседател.

Според него, 345 милиони луѓе веќе страдаат од недостаток на храна, што е 2,5 пати повеќе отколку во 2019 година.