Путин воведува “данок на суета” – данок на луксузни автомобили

19

bentley-continental-gtВо декември минатата година рускиот претседател Владимир Путин побара да се воведе нов данок кој би требало дополнително да ги оданочува сопствениците на луксузни возила. Откако оваа идеја ја анализираше руската влада, донесен е нацрт закон кој е испратен во парламентот на гласање. Според новиот закон, сопствениците на луксузни автомобили ќе треба да плаќаат т.н. данок на суета.

Тоа во пракса значи дека дека секој луксузен автомобил со старост до пет години кој чини меѓу 126.000 и 252.000 евра, ќе биде дополнително оданочуван секоја година.

Така на пример, како што пишува Ведомости, BMW 760i ќе биде оданочуван со 4.100 евра, додека сопствениците на Bentley Continental GT ќе плаќаат 7.000 евра.

Доколку парламентот го усвои овој закон, се очекува голем прилив на средства во рускиот буџет, затоа што расте бројот на продадени луксузни автомобили во оваа земја. Минатата година се продадени околу 110.000 премиум возила.