QURKIES: Еколошки играчки за деца направени од плута

84

igrackaФото: Kickstarter

За сите оние родители кои не сакаат нивните деца да си играат со пластични играчки, постои совршена алтернатива. Група на млади ентузијасти решението го согледале во играчки изработени од природен материјал што ги нарекле QURKIES. Играчките се слични со коцките Duplo и можат совршено да се искомбинираат со нив. Меки се и произведуваат тап, тивок звук.

Создадени се од плутата на ретко дрво што расте само во Португалија. Освен што се меки и изработени од природен материјал, играчките ја поттикнуваат креативноста кај децата. Оригиналната играчка е кафена, но, можат да се обојат според желба. Пакувањата се во пакети од 6, 12 или 40 коцки.

Засега, овој креативен изум е достапен само на платфомата за финансирање Kickstarter. Досега има собрано 5.701 долар од побараните 5.600 долари. Кампањата трае уште три дена.