Работата во смени може да предизвика депресија

73

Луѓето кои работат во една смена се помалку склони кон депресија за разлика од оние кои работат во две или три смени, покажува британска научна студија.

Повеќе од 28.000 испитаници биле вклучени во истражувањето, коешто покажа дека жените се посебно чувствителни на работата во смени. Вкупно 28% од испитаниците кои работат во смени имале поголема шанса да почувствуваат некоја форма на ментални проблеми во споредба со оние кои работат од осум до 16 или од девет до 17 часот секој работен ден.

Работата во смени го менува нормалниот биолошки циклус на спиење и со тоа го менува биоритамот кај луѓето. Таа промена ги прави луѓето почувствителни и може да ги доведе до социјална изолација, бидејќи работното време не се совпаѓа со работното време на нивните пријатели или блиски.

Особено е тешка третата или ноќна смена, бидеќи човечкиот мозок е научен да спие во текот на ноќта, кога нема дневна светлина, за да се одмори од сето она што го доживува во текот на денот.

Фото: Pixabay