Работел како таксист да заработи за факултет, сега е втор најбогат човек

Сео Јунг-Џин е вториот најбогат човек во Јужна Кореја, основач на компанијата за лекови Celltrion. Пред него е само Ли Кун-Хи, првиот човек на Samsung.

Она што е интересно е дека во минатото работел како таксист за да може да се запише на колеџ од парите што ги заработил.

Богатството на Јунг-Џин особено се зголеми за време на оваа епидемија на 10 милијарди долари, а акциите на биотехнолошката компанијата Celltrion скокнаа, бидејќи работи на развивање на лек против Ковид-19. Неговиот пораст е извонреден и претставува промена во деловната елита на земјата. Додека семејните конгломерати владеат во Јужна Кореја, се појавија неколку “нови имиња“ во нетрадиционални сектори.

Експертите велат дека границите меѓу индустриите стануваат нејасни и дека сега најмногу губат оние во традиционалните компании. Пандемијата донесе нови трендови, а некои тешко се справуваат со промените.

Јунг-Џин (62) е роден во семејство кое продавало брикети од јаглен, па затоа морал да работи напорно за да дојде до Универзитет во Сеул. Откако студирал индустриски инженеринг, работел во Daewoo Motors сè додека не пропаднаа после азиската финансиска криза. Со тек на времето, тој основал своја компанија и се заинтересирал да прави лекови што се слични на веќе одобрените. Тој наиде на финансиски проблеми во 2004 година, по неуспехот во некои клинички испитувања на вакцини, но во 2020 година акциите на неговата компанија растат.

Фото: Freepik