Работел во McDonald’s, основал компанија пред 5 години, а сега е милијардер – Но, 99% од богатството ќе го донира

221

Имотот на извршниот директор на најголемата глобална берза за криптовалути Binance, Чангпенг Жао се проценува на 96 милијарди долари, износ со кој стои рамо до рамо со технолошките богаташи како што се Марк Цукерберг, Лери Пејџ или Сергеј Брин, наведува  Блумберг.

Успехот на кинеско-канадскиот претприемач е, можеме да се каже дека е симбол на релативно брзото создавање богатство во светот на дигиталните валути, како што е биткоинот.

„Не грижете се за рангирањето. Грижете се за тоа на кого можете да помогнете. Тоа е она што е поважно“, изјави Жао, кој во наредниот период планира да донира дури 99 отсто од своето богатство.

Бизнисменот израснал во имигрантско семејство во Канада, а  работно искуство стекнал во Мекдоналдс, за да му помогне на семејството. По завршувањето на студиите од областа на информатиката, работел на софтвер за тргување за Токиската берза и Блумберг.Binance ја основал во 2017 година.

Binance е најголемата светска берза за криптовалути, со 24-часовен обем на тргување од 106 милијарди долари, забележан во првата недела од оваа година. Минатата година генерира најмалку 20 милијарди долари приход од провизија. Жао поседува околу 90 отсто од сопственоста во Binance, наведуваат американските медиуми.