Работи само преку телефон, а има компанија вредна 242 милијарди долари

99

Извршниот директор на Salesforce, Марк Бениоф, изгради успешна технолошка компанија. Неговиот flagship софтвер Sales Cloud го користат милиони професионалци за продажба во повеќе од 100.000 компании, вклучително и некои од најголемите компании во светот.

Salesforce остварува годишен приход поголeм од 13 милијарди долари и вреди 242 милијарди долари.

Она што е интересно за Бениоф е тоа што во една прилика изјави дека сета работа ја завршува преку неговиот телефон (iPhone).

“Каде и да сум, ако имам телефон, можам да работам“, рече тој.

Иако може да звучи неверојатно дека некој може да управува компанија вредна милијарди долари од телефон, тоа очигледно не е невозможно. Бениоф не е единствениот претприемач кој признал дека мобилниот телефон е најважната алатка за неговиот бизнис.

“Понекогаш, најдобриот начин да направите повеќе работи е да се фокусирате на помалку. Компјутерот ви овозможува да правите многу работи, но исто така ви овозможува да правите многу работи што не се најважната работа. Токму затоа сакам да работам на телефон“, истакна Бениоф.

Фото: Freepik