Работи што ги прават паметните луѓе за викенд

561

Сите сме во исчекување на викендот, а штом дојде како да ни снемува инспирација како да ги поминеме двата слободни денови. Затоа, споделуваме неколку совети за тоа како да уживате во тие 48 часа, да бидете среќни, опуштени и да ги “наполните“ батериите за предизвиците што ги носи работната недела што претстои.

Семејство

Семејството и пријателите се микро околината што ни ја дава смислата за живот. Без нивната енергија, присуство, совети и добронамерни критики никогаш нема да можеме да успееме во животот. Ако во текот на неделата сте премногу зафатени, тогаш викендот е како создаден да го поминете со блиските. Понекогаш дури и неправењето нешто може да ве исполни со енергија и да ви биде пријатно.

“Исклучете се“ од светот

Барем за момент исклучете го интернетот на телефонот или телевизорот. Наместо тоа, грабнете добра книга, сварете си кафе или чај и уживајте во тој момент. Во мир и самите со себе, полесно ќе може да ги соберете мислите, да направите ретроспектива за сè она што ви се случило и да продолжите напред.

“Генералка“ во домот

Иако можеби чистењето на домот ви е помалку омилена обврска, сепак така ќе бидете сигурни дека сè е на свое место. Не мора тоа да биде темелно чистење што ќе ви го одземе целиот викенд, а и ќе ве измори, туку нека биде симболично ослободување од сето она што заостанало во просторот.

Излезете на чист воздух

Како се намалуваат температурите, има сè помалку сонце, не треба да се обесхрабрувате и да останете дома. Напротив, прошетка на пониска температура во природа ќе ви ги наполни градите со чист воздух и така мозокот ќе функционира полесно.

Фото: Pexels