Работилница за енергетска ефикасност на општините

27

Резултатите од проектот Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија денеска ќе бидат претставени на работилница во организација на Агенцијата за енергетика, пишува Миа.

Консалтинг за стратегиски развој во соработка со Светска банка и Агенција за енергетика на РМ во рамки на проектот организираат осум работилници, во секој од планските региони во Македонија. Ќе бидат споделени резултати, искуства и корисни совети од процесот на изработка на различни документи важни за енергетската ефикасност на општината, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност на Светска банка.

Програмата се спроведува 18 месеци во периодот 2014 – 2016 и има цел да ја зголеми ефикасноста на користењето енергија во општините во Македонија со унапредување на капацитетот на локалните самоуправи да идентификуваат и спроведуваат енергетски ефикасни можности во општинскиот сектор. Реализацијата е преку давање поддршка на осум општини (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) да изработат различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината  и споделување на искуствата со сите општини во земјата.

Досега беа одржани работилници во Струмица, Штип и во Велес, а за следниот период се планирани и во Куманово, Тетово, Струга и Скопје.

Во рамки на проектот ќе биде подготвен и дистрибуиран и прирачник, наменет да ја води општинската администрација низ процесот на создавање ефикасна и остварлива програма за енергетска ефикасност и нејзина примена.