Работилница за конкурентност на мали и средни претпријатија КОСМЕ 2014 – 2020

17

Во Скопје денеска ќе биде отворена работилницата за Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014 – 2020, пишува Миа.

Целта на работилницата е зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачката култура и развој на малите и средни претпријатија. Програмата е наменета за мали и средни претпријатија, претприемачи, бизнис организации за поддршка, регионални и национални администрации, стопански комори и бизнис асоцијации, финансиски институции и научна јавност.

На настанот ќе се обрати и  Мартин Клауке – раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија.