Работилница за Национален и европски социјален дијалог во текстилниот и кожарскиот сектор во компаниите

41

Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) во партнерство со Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија (СТКЦ), денеска во Скопје организираат еднодневна национална работилница на тема Национален и европски социјален дијалог во текстилниот и кожарскиот сектор во компаниите во Македонија.

Работилницата се спроведува во рамки на регионалниот проект Стронг ТЦЛ – Силно партнерство за подобар социјален дијалог во текстилниот и кожниот сектор во Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија.

“Можноста за споредување на состојбите во текстилниот и кожарскиот сектор може да придонесе за подобрување на позиционирањето на македонските компании на домашниот и глобалниот пазар”, велат организаторите.

Собирот ќе овозможи презентирање на добри практики и примери како да се подобри социјалниот дијалог во Македонија во насока на користење европски елементи, увид во перцепцијата за социјалниот дијалог во нашата држава од гледна точка на работодаваци и од гледна тоцка на синдикат и како подобро да се преговара на бипартитно ниво.

Главна цел на оваа активност е воспоставување корпоративен однос работодавач/сопственик/управител со работниците врз основа на договор, почитување на работничките и човековите права, како основа за зголемена продуктивност, конкурентност и одржливост.

На работилницата ќе учествуваат експерти од Словенија како и претставници од Бизнис конфедерацијата на Македонија и Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Македонија.