Работилница за претприемништво во рамки на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија

23

Во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Работилница за претприемништво, на која се пријавени 150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори.

Воведни обраќања на собирот ќе имаат претседавачот на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 и член на Одборот на директори на Македонија 2025, Зоран Мартиновски и претседателот на Одборот на Директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски.

Учесниците на работилницата ќе дебатираат на темите: “Кои се карактеристиките кои придонесуваат еден глобален претприемач да биде успешен?“, “Како растат ИТ компаниите на светско ниво?“, “Иновативни операции на Светската Банка за развој на претприемачки вештини во мобилниот интернет бизнис?“, “Критериуми за аплицирање за новиот македонски стартап фонд“, “Алатки за изработка на успешен бизнис план!“ и “Што прави Македонија за да стимулира иновација и претприемништво?“