Работилница за развивање кластери во Скопскиот плански регион

40

Подигање на свесноста за кластерите како инструмент за зголемување на конкурентноста на индустриите и запознавање со придобивките од кластерските иницијативи е целта на работилница на тема Можности за развивање кластери во Скопскиот плански регион што ја организира Бизнис центарот на Скопскиот плански регион, пишува Миа.

На работилницата ќе стане збор за функцијата на кластерите, придобивките од кластерското здружување за микро, малите и средни компании и организации од регионот кои нудат поддршка на бизнис секторот и поставување на основата за создавање на кластери.

Преку работилницата ќе се направи обид да се зголеми нивото на разбирање за начините на создавање на успешни кластери, како и  да се развијат предлог методологија за идентификација на кластери и предлог акциски план за воспоставување кластер за индустриско производство во Скопскиот плански регион.

Врз основа на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион (2015 – 2020) со цел зголемување на придобивките од кластерското здружување и кластерите, Бизнис центарот на Скопскиот регион ќе иницира создавање на најмалку еден кластер, што понатаму ќе биде регистриран во мрежата на регионални кластери.