Работна средба на претставници на осум преносни систем – оператори од регионот

17

mepso

Претставници на МЕПСО, предводени од претседателот на Управниот одбор и генерален директор Синиша Спасов, учествува на состанокот со претставници на преносните систем – оператори од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Турција и Грција што се одржува во Босна и Херцеговина.

На состанокот се планирани презентации на високи претставници на две регионални тела основани од преносните систем – оператори од регионот.

Првото тело е SEE CAO (Coordinated auction office in South East Europe), т.е. заедничка канцеларија на систем – оператори од регионот за координирани аукции на прекугранични расположливи преносни капацитети. Другото тело што презентира е SCC Security coordination center, т.е. Координативен центар за сигурност во работата на соседните систем – оператори од регионот.

Целта на состанокот е преку презентациите да се дадат предлози со коишто ќе се унапреди и продлабочи соработката меѓу преносните систем – оператори од регионот.