Работници од Балканот ја “освежија“ Германија

75

Увозот на работници од балканските земји имаат позитивен ефект врз германската економија, покажуваат податоците од истражувањето на Институтот за истражување на пазарот на труд.

Според податоците, 54% од вработените во рамки на правилата за вработување лица од Западен Балкан се квалификувани работници, висококвалификувани се 4%, а 42% се помошни работници.

Новата регулатива за вработување на работници од Западен Балкан е воведена во 2016 година, откако земјите од регионот се дел од листата на таканаречени безбедни земји што е скоро и невозможно жители од овие земји да бараат азил во Германија.

Во Германија, според оваа регулатива, доаѓаат помлади работници. Па така, во 2016-та и 2017-та година, 73% од работниците биле помлади од 40 години, а 86% од нив се мажи. Вкупно 44% од нив се вработени во градежниот сектор, додека 13% се во угостителство.

Фото: Freepik