Работник кој бил отсутен 808 смени во фабрика, доби на суд

134

Работник во Jaguar Land Rover, кој пропуштил 808 смени и ја чинеше компанијата 95.850 фунти поради боледување, доби на суд поради неправедно добивање отказ.

Вик Рамболд, кој живеел во близина на фабриката во Кесл Бромвич, бил отсутен од повеќе причини за време на дваесетгодишната работа за британскиот производител. Причините биле од здравствена природа, поради повреда на работа, а во една прилика поради наводен напад.

Во судот во Бирмингем беше кажано дека 405 пропуштени смени биле само во последните четири години.

“Искрено, ова е најлошото отсуство од работа што некогаш сум го видел. Со неговото отсуство (808 смени), трошокот на компанијата е скоро 100.000 фунти. Не постои ниедна година од 2000-та целосно да ја поминал на работа“, рече Џон Картер, одговорен за човечки ресурси во компанијата.

Меѓутоа, компанијата прoпуштила да изведе соодветни процедури пред да го отпушти Рамболд во декември 2018 година.

Фото: Pixabay