Американската компанија за снабдување со вода Denver Water веќе девет години ја спроведува кампањата “Троши само онолку колку што ти треба”. Оваа година, со агенцијата Sukle Advertising & Design, за рачно изработените билборди користеа различни материјали како дрвени боички, стикери, глина, лименки, Лего коцки, предиво и жица. Изработени се 10 оригинални уметнички дела, при што секое ја отсликува водата во различна форма – капки, туш, млаз.
Мотото на кампањата е “Не можеш да го направиш ова”, а порака што ја пренесува е дека водата е необновлив ресурс.