Раде Кончар – Апаратна техника оствари нето добивка од над 12 милиони денари во 2013

19

rade koncar aparatna tehnika

Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника оствари нето добивка од 12.302.521 денари во 2013 година, стои во одлуката за усвојување на консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи, објавена на Македонска берза.

Компанијата во текот на минатата година евидентираше приходи од продажба во висина од 228.550.396 денари, додека вкупните приходи се 237.940.037 денари. Во одлуката се наведува дека расходите од работењето лани биле 221.417.098 денари, а вкупните расходи во вредност од 225.128.237 денари.