Раде Кончар Апаратна техника прокнижи добивка од 2,5 милиони денари

48

rade-koncar-aparatna-tehnika

Раде Кончар Апаратна техника за девет месеци од оваа година оствари позитивен финансиски резултат од 2.520.000 денари, покажува консолидираниот неревидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со добивка од 7.326.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Раде Кончар Апаратна техника достигнаа 159.696.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 69.871.000 денари, додека поголемиот дел од 89.825.000 денари е остварен во странство.

Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беа на ниво од 172.057.000 денари.