Раде Кончар апаратна техника за девет месеци прокнижи добивка од осум милиони денари

64

rade-koncar-aparatna-tehnika-1

Раде Кончар апаратна техника, во периодот од 01.01. до 30.09.2017 година, прикажа нето добивка од 8.093.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка од 6.432.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември оваа година имаа салдо од 1.375.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 1.298.000 денари.

Компанијата се занимава со производство на AC и DC управувани мотори и помошни контактори, модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, растери и слично.