Раководството на ЕУ дава смешни совети за штедење, наместо да решава проблеми

130

Европејците се соочени со многу тешка зима бидејќи нивните политичари започнаа економска војна против Русија. Но, наместо вистинско решение на проблемот, раководството на ЕУ на луѓето им дава смешни совети, пишува кинескиот Соху.

Енергетските игри меѓу Западот и Русија достигнуваат ново ниво, бидејќи времето во Европа почнува постепено да се влошува. Просечната дневна температура опаѓа, но сметките за струја и парно растат. И властите на ЕУ не се во состојба да го решат проблемот со недостигот на енергија на краток рок. Едноставно нема замена за рускиот природен гас, дури и ако понудите повеќе пари.

– Изгледа дека нивото на удобност во Европа ќе се врати 500 години наназад. Сè што можат да направат европските политичари е да препорачаат помала употреба на електрични апарати и лични автомобили, како и да носат неколку џемпери и кратко туширање. На обичните Европејци сигурно им паднале вилиците од таквите смешни совети – се наведува во написот.

Соху наведува дека Европејците сега треба да изберат помеѓу две опции: да ги потрошат своите заштеди за плаќање на сметките за струја или да замрзнат во зима. И судејќи според наглото зголемување на кинескиот извоз на опрема за греење во Европската унија, луѓето ја избраа првата опција.

Според Соху, жителите на ЕУ се особено активни во купувањето кинески климатизери, бојлери, електрични ќебиња и други. Обемот на извозот на стоки од оваа категорија во изминатите шест месеци достигна речиси 2 милијарди американски долари. Само во последните неколку месеци речиси 200.000 електрични ќебиња отидоа во Европа.

– Ова е добро за Кина. Европејците наскоро ќе се најдат во таква тешка ситуација што дури и ќе купуваат кинески јаглен – пишува Соху.