Ralph Lauren предвидува годишен раст на приходите, којшто е под очекувањата на аналитичарите. Од компанијата велат дека тоа било поради затворање на продавниците и неизвесноста околу пандемијата откако бројни земји се соочија со новиот бран на коронавирусот, јавува Ројтерс.
Модниот бренд очекува нивните годишни приходи да пораснат за 140 до 150%, во споредба со падот минатата година кога поголемиот дел од продавниците беа затворени. Но, компанијата предупреди на последиците од блокадата и ограничувањата на неколку клучни пазари, како што се европскиот и оној во Јапонија.
Во меѓувреме, глобалната индустрија на луксузни производи закрепнува многу побрзо од очекуваното. Минатиот месец европските конкуренти на компанијата, вклучувајќи ги LVMH, Hermes и Gucci, рекле дека има голема побарувачка за луксузни парчиња облека и чанти.
Нето приходите на Ralph Lauren се зголемени за 1% на 1,29 милијарди долари во четвртото тримесечје од минатата година и ги надмина очекувањата од 1,21 милијарда долари.
Приходите во Северна Америка се намалени за 10% на 569 милиони долари од првичните прогнози од 599,4 милиони долари.
Фото: Facebook











