Синџирот супермаркети Рамстор и Халкбанк од денеска ќе им бидат достапни на жителите на Кичево.
Новиот маркет на Рамстор и новата филијала на Халкбанк се наоѓаат на улицата Булевар Ослободување број 1 во Кичево.
“Со своето присуство во градот, двете компании се приближуваат до потребите на граѓаните на Кичево, овозможувајќи им квалитетна и широка понуда на своите услуги и производи“, се вели во соопштението.
Рамсторе Македонија ДОО преку својот 19-ти маркет, на продажен простор од 540 метри квадратни, со 16 вработени и 3 наплатни каси ќе го нуди широкиот асортиман од голем број трговски групи, со преку 12.000 производи, кои се неопходни за потрошувачите; пакувано свежо месо, свежо овошје и зеленчук. Потрошувачите ќе може да ги користат многубројните акции и промоции на производи како и во сите супермаркети на Рамстор. Маркетот содржи големо портфолио на производи со висок квалитет и голем избор. Планирано е отворање и на други Рамстор маркети на повеќе локации во државата.
Халкбан А.Д. Скопје преку својата 33-та филијала, ќе овозможи лесна и поедноставна комуникација со своите постоечки клиенти, како и можност за квалитетно опслужување на новите клиенти од регионот на Кичево.
Во филијалата ќе бидат достапни сите производи и услуги на Банката (штедни влогови, платен промет во земјата и во странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA, MasterCard, Maestro и Pay Pass платежни картички и др.), ќе се презентираат сите новини кои истата постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со клиентите и бизнис партнерите од регионот.