Рамстор мол го организира седмиот по ред Garage Sale

34

garage-sale-web-slider

Од 17-ти до 23-ти август ќе се одржи седмиот по ред Garage Sale во Рамстор мол, ултра популарен шопинг настан, којшто претставува најатрактивно случување за сите шопингхоличари. Посетителите, како и во текот на изминатите години можат да очекуваат голем број попусти и акции од сите продажни објекти во трговскиот.

Познатиот трговски центар и оваа година традиционално, широко ги отвора вратите и подготвува неверојатна понуда на облека, накит, обувки, спортка опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќинство и бела техника, намалени до дури 70%. Како секоја година, така и оваа, Рамстор маркетот во трговскиот ќе ги изненади своите потрошувачи со атрактивни цени.

За сите зависници од шопинг, оваа добро позната чистка е одличен начин за да го обноват гардероберот, да ги израдуваат најмилите и да му дадат нова димензија на својот дом со декоративни елементи.

Концептот на настанот Garage Sale е креиран на тој начин што и најпребирливите купувачи не можат да му одолеат, а за успешноста на оваа шопинг приказна, говорат бројките, кои што достигнуваат посетеност поголема за 50%, односно од над 150.000потрошувачи, во текот на деновите додека трае распродажбата. Токму ваквите факти, се причина што овој шопинг настан прерасна во традиција и несомнено ќе продолжи да се реализира кон крајот на секоја зимска и летна сезона.

Атрактивните цени на производите од реномирани брендови достапни во трговскиот, големиот број на промоции и дегустации и воопшто, еуфоричната и позитивна атмосфера што ќе владее во Рамстор мол за време на продажната акција Garage Sale, се доволна причина зошто да бидете дел од ова позитивно шопинг искуство.

Рамстор шопинг лудилото само што не започнало и затоа сега не постојат ограничувања, искористете го овој поволен период и купете сè што ќе посакате, по цени за какви што мечтаете.