Рамстор со подароци за Центарот за деца од улица во Шуто Оризари

33

3ddc9f85-5df3-4ee3-92b1-34b9949c3b59

На 10 декември 2015 година, финансискиот директор на Рамсторе Македонија г-дин Бариш Борахан и Чарлс Гарет, бритaнскиот амбасадор во Македонија присуствуваа на приредба во Центарот за деца од улица во Шуто Оризари, каде имаа можност да ја видат и слушнат искрената детска радост за празничниот период.

Рамсторе Македонија подари 100 новогодишни пакетчиња и 50 шалчиња и капчиња за децата од Центарот.

Оваа активност е резултат на заложбите на Рамстор Македонија за корпоративна општествена одговорност и традицијата на Амбасадата и нејзините соработници за поддршка на ранливите групи во општеството на кои им е потребна најголема помош.