Расположението во германската автомобилска индустрија зеде остар пресврт на полошо

Расположението во германската автомобилска индустрија нагло се влоши во август, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.

Показателот што го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна во август од минус 18,3 поени во јули на минус 24,7 поени, пред се поради крајно песимистичките очекувања за следните шест месеци.

Индексот за мерење на деловните очекувања на компаниите во претстојниот полугодишен период падна од минус 29,5 поени во јули на минус 40,5 поени, додека вредноста на показателот за оценка на тековната деловна состојба се намали од минус 6,9 поени на минус 7,2 поени.