Раст на БДП од 2,7% во последното тримесечје од 2014

10

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2014 година е 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во секторите: Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12,4%; Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11,7%; Градежништво од 11,1% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3,8%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,5%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто домашниот производ изнесува 65,8%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 14,8%, а увозот на стоки и на услуги е зголемен во номинален износ од 9,7%.