
Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето вчера откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.
Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании.
– Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.
И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.
Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена денеска, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.











