Раст на бројот на вработени во производството на хартија во ЕУ

17

Помеѓу 2012 и 2022 година, бројот на луѓе во Европската унија кои работат во индустријата за хартија и производи од хартија се зголеми за 10,9 проценти. Овие податоци, објавени од Еуростат, укажуваат дека има зголемување на вработеноста во оваа индустрија – вкупно 62.500 лица.

Во 2012 година во оваа индустрија биле вработени 574.800 работници, каде најголемиот дел биле вработени во фабрики/фирми, а останатите – 14.600 од нив – биле регистрирани како самовработени.

Десет години подоцна, 637.300 луѓе работеле во оваа индустрија. Од оваа бројка, 622.700 работеле во некоја од фабриките или фирмите, што довело до зголемување на бројот на работници за 11,3 отсто.

Кога станува збор за самовработените кои работат во индустријата за хартија, забележано е мало намалување (минус 300 или -2,1 отсто).

Производството на хартија и индустријата за производи од хартија учествуваа со 19,9 отсто од вкупната индустрија поврзана со шумарството и дрвната индустрија во 2022 година.

Пазарот на целулоза и хартија се очекува да расте на глобално ниво
Според извештајот на Fortune Business Insights „Пазар на целулоза и хартија 2022-2029“, објавен кон крајот на минатата година, големината на глобалниот пазар на целулоза и хартија беше 351,53 милијарди долари во 2021 година, а индустријата се предвидува да расте. Имено, проекциите покажуваат дека овој пазар ќе порасне од 354,39 милијарди долари во 2022 година на 372,70 милијарди долари до 2029 година, со годишна стапка на раст од 0,72 отсто во текот на седумгодишниот период, пренесува Yahoo Finance.

Се очекува пазарот да расте поради зголемената побарувачка за еколошки материјал за пакување од неколку индустрии.

Индустријата за целулоза и хартија е сектор кој вклучува преработка на дрво и други влакнести материјали за производство на производи од хартија и картон и игра клучна улога во обезбедувањето широк спектар на производи од хартија што се користат во секојдневниот живот.

Во 2021 година, Кина произведе повеќе од 128,37 милиони метрички тони хартија и картон, што ја прави водечки светски производител на хартија. Соединетите Американски Држави беа втората по големина земја во производството на хартија таа година, со производство од 65,3 милиони метрички тони, објави статистичката веб-страница Статиста на почетокот на оваа година.

Глобалното производство на хартија и картон надмина 417 милиони метрички тони во 2021 година, што е зголемување за приближно четири отсто во споредба со претходната година. Ова беше прво зголемување на производството по три последователни години пад.