Раст на цените на нафтата по повикот за внимателност на саудискиот министер за енергетика

23

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од еден долар за барел откако саудискиот министер за енергетика, принцот Абулазис бин Салман, на почетокот на министерскиот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEK) и нејзините сојузници, повика на внимателност и будност по прашање на идното намалување на испораката на нафта.

Фјучерсите на северноморската нафта Брент пораснаа за 1,01 долар или 1,6% на 65,08 долари за барел, додека американската WTI нафта зајакна за 84 центи или 1,4% на 62,12 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите и трговците велат дека четиримесечениот раст на цената на црното злато од ниво под 40 долари за барел не оди во чекор со побарувачката и се очекува физичкиот обем на продажба да одговара на понудата до крајот на 2021 година.

Фото: Pexels