Раст на депозитите и кредитите на компаниите во мај

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во мај 2020 година, забележаа месечен раст од 1,9%, главно под влијание на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари. Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,8% и во најголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад на краткорочните депозити во денари, покажуваат податоците на Народната банка.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор бележат месечен и годишен раст од 1,0% и 3,3%, соодветно. Анализирано според валутната структура, поголемо учество во месечниот раст имаат кредитите одобрени во денари, додека годишниот раст во поголем дел се должи на кредитите одобрени во странска валута.

Во мај, вкупните депозити на домаќинствата се повисоки за 0,3% на месечно
ниво, пред сè како резултат на растот на депозитните пари, при раст и на депозитите
во странска валута (краткорочни и долгорочни), додека депозитите во денари
(краткорочни и долгорочни) бележат пад. Годишниот раст изнесува 8,2% и
произлегува од зголемените депозитни пари и краткорочни и долгорочни депозити
во странска валута, во услови на мал пад на краткорочните и долгорочните депозити
во денари.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, во мај, е евидентиран месечен раст од
0,9%, којшто во поголем дел се должи на растот на денарските кредити (учество во
растот од 81,0%). На годишно ниво е остварен раст од 8,6%, којшто произлегува од
растот на кредитите во денари и странска валута, малку поизразен кај кредитите во
странска валута.

Фото: Freepik