Раст на депозитите и на кредитната поддршка во текот на септември

59

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7%. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот домаќинства со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа пораст од 6,1% при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот домаќинства.

Вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,8% и 7,3%, соодветно. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај секторот домаќинства, стои во соопштението на Народната банка.