Раст на глобалната трговија со услуги на крајот на 2020 година

24

Глобалната трговија со услуги забрза на крајот на минатата година, информира Светската трговска организација (СТО), но растот во првите три месеци од оваа година би можел да забави поради повторното воведување на рестриктивни мерки заради пандемијата.

Барометарот за услуги на СТО на крајот на декември изнесуваше рекордни 104,7 поени и беше за 9,1 поен повисок од крајот на септември. Пред една година, на почетокот на пандемијата, изнесуваше 91,2 поени.

Вредноста од 100 поени сигнализира раст на трендот во последниот период.

“Се чини дека светската трговија со услуги е во фаза на закрепнување, но континуирана слабост во одредени сектор и нерамномерната дистрибуција на вакцини против коронавирусот фрлаат сомнеж дека можеби тоа нема долго да потрае“, велат од СТО.

Фото: Pexels