Раст на индустриското производство од 6,4% во јуни

18

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 6,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13,8%.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 5,8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4% и Капитални производи за 33,3%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 16,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 %.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на периодот јануари – јуни 2014 година, е во пораст од 0,8%.