Раст на индустриското производство во јули за 3,9%

47

DC89240D-D945-4EF7-AB7F-B542E886FEBA_mw1024_n_sСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи пораст од 3,9%.

Споредено по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2013 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 3,3%, во секторот Преработувачка индустрија порастот е 7,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележано е опаѓање од 15,5%.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,6%, Капитални производи за 16,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%, додека опаѓање има кај Енергија за 16,7%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2013 година, во однос на периодот јануари – јули 2012 година, изнесува 102.2.