Раст на профитот на Kuehne + Nagel Group во првите девет месеци

19

KUEHNE-NAGEL-580x308

Во текот на првите девет месеци од 2015, Kuehne + Nagel групацијата го забрза растот на резултатите. Додека приходот и бруто добивката бележеа загуба поради влијаниетот на кусната разлика, оперативните резултати (EBITDA) се покачија за 4,6% и достигна 777 милиони CHF споредбено со истиот период минатата година. Заради негативното влијание на курсната разлика од 7,5%, добивката за тој период се покачи до 6,7% или на 512 милиони CHF.

Бродски транспорт

Во текот на првите девет месеци од оваа година, Kuehne + Nagel ја искористи приликата за раст на увозот кон САД од Европа и Азија, а со тоа се изедначи континуираниот слаб извоз од Азија кон Европа. Во бродскиот оддел профитабилноста е значајно подобрена: бруто добивката по ТЕУ-а се зголеми за 4,4%, а резултатите од работењето и бруто добивката порасна од 30,2% на 32,7%. Споредбено со минатата година, резултатите од работењето пораснаа за 11,7%.

Авионски транспорт

Иако авионскиот транспорт стагнира, Kuehne + Nagel го зголеми обемот на работа за 5,1% во текот на првите девет месеци од 2015 год. Зголемената потреба за специјални услуги во автомобилската, фармацевстката и авио индустријата, како и потребата за специјален транспорт на температурно одржување, допринесе за тој пораст. Во споредба со истиот период минатата година, стапката на конверсација од 27,5% порасна на 30,0%. Резултатите од работењето пораснаа на 11%.

Камионски транспорт

Камионскиот транспорт бележи стабилни резултати. Во текот на првите девет месеци приходот се намали за 12,1%, поради финиширање на одредени проекти и ниските цени за транспорт, кои се резултат на намалување на цената на нафтата. Аквизација на компанијата ReTrans, американски добавувач на мултимодални решенија за управување со транспортот, е завршена во август 2015год., а со тоа Kuehne + Nagel ја зајакна положбата на пазарот во Северна Америка.

Д-р Детлеф Трефзгер, извршен директор, изјави: “И во третиот квартал продолжуваме да ги подобруваме нашите резултати, особено во бродскиот и авионскиот транспорт. Развојот на камионскиот транспорт и оптимизацијата на одбрани проекти, продолжува според планираното. Нашиот главен фокус е на 3 of 3 иновативните логистички услуги и строга контрола на трошоците овозможи раст на добивката во потребните сегменти од пазарот. Перформансите од првите девет месеци ја потврдуваат нашата стратегија и гледаме дека нашата групација е на правиот пат”, стои во соопштението на компанијата.