Раст на цените на нафтата

37

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот, бидејќи понудата се намали поради послабиот извоз од Саудиска Арабија и Русија, како и високите цени на мазутот. Овие фактори ја надминаа загриженоста за глобалната побарувачка поради високите каматни стапки.

Референтната сурова нафта „брент“ поскапе за 1,2 отсто на околу 85,80 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) порасна за околу 1,4 отсто на 82,40 долари за барел, покажуваат податоците на специјализираниот портал за следење на енергетскиот пазар OilPrice.

Аналитичарите проценуваат дека цената на нафтата може да порасне до крајот на годината, што е поддржано од моменталното слабеење на доларот. Послабиот долар го прави купувањето нафта поевтино за имателите на други валути, зголемувајќи ја побарувачката, пишува Ројтерс.