Раст на Wall Street по позитивните вести за развој на вакцини

34

На Wall Street цените на акциите пораснаа во понеделникот, по падот во претходните недели, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од вестите за напредок во развојот на вакцините за коронавирус и понудите за преземање компании.

Dow Jones зајакна 327 поени или 1,18% на 27.993 поени, додека S&P 500 порасна 1,27%, на 3.383 поени, а индексот Nasdaq порасна 1,87%, на 11.056 поени.

По остриот пад изминатите две недели, индексите пораснаа бидејќи инвеститорите ги охрабри веста од компанијата AstraZeneca дека продолжува со клиничките испитувања за вакцина за коронавирус, откако доби одобрение од регулторнните власти.

Минатата недела испитувањата беа прекинати бидејќи еден од учесниците во британската група испитаници се разболе.

Цената на акциите на американската фармацевтска компанија Pfizer пораснаа за 2,6%, по веста за напредокот за развој на вакцината.

Фото: Facebook