Расте бројот на иновативни компании во Турција

19

inovacija-pixabay

Фото: Pixabay

Над 60% од компаниите со 10 или повеќе вработени во Турција прикажаа некаков вид на иновативна активност во период од 2014 до 2016 година, пишува Хуријет.

Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите три години е забележан пораст од 10,2 процентни поени кога станува збор за иновациите на компаниите во споредба со периодот 2012 – 2014 година.

Кај компании со вработени од 10 до 49, процентот на иновации е 60,4, кај средните компании (од 50 до 249 вработени) тој е 65%, додека кај големите корпорации степенот на иновации достигнува 70,4%. Најголем дел од иновациите доаѓаат од индустрискиот сектор (64,5%), по што следи услужниот сектор.

Податоците покажуваат дека 27,6% од иноваторите добиле некаков вид на јавна финансиска поддршка, како што се владини или средства од институциите на Европската унија.